ДЕМИР КАПИЈА 24-25.07.2010
По пристигнувањето во Демир Капија веднаш отидовме во Челевечка река бидејќи качување на друго место беше невозможно заради високите температури. Во кањонот на реката беше поинаку. „Се дишеше“ за разлика од местата што ги грееше сонцето. По кратко загревање започнавме да качуваме на спортските насоки,а при крајот на денот ја качивме насоката ПИЛА(100 метри три должини со тежина3+ 5-)која се наоѓа во кањонот на реката, и беше пријавена како ЛЕВА од клубот Вертикал-Битола.Инаку Зоки(АК Плоча) ја качувал пред повеќе од 12 години,во насоката оставивме 7 клина. Потоа ја качивме и насоката ВЕРТИКАЛ, која е долга околу 80 метри со две должини, каде по второто сидриште во лево на 6-7 метри има еден експанзионен клин со карабинер на кој со абзел на половина јаже (30м) се спуштивме до сипарот од другата страна и по пет минути бевме кај паркингот меѓу тунелите. Така заврши денот.
Утредента во 5 часот будење и пак на качување. Овој пат преку сајлата над реката Вардар до најпопуларните(најкачуваните) насоки,ја качивме насоката БII каде во втората должина оставивме 1 клин. На симнување по сајлата не фати сонце и повторно отидовме во реката на спортските насоки. Овој викенд бев со Зоки(АК Плоча),Никола(АК Матка) и неколку спортски качувачи кои качуваа во кањонот на реката.
Бобан Стојанов
ж






