РАТКОВА СКАЛА 10-07-2010
По подолго време пак на Раткова Скала.Јас(Бобан) и Жико рано наутро тргнавме со план да направиме неколку насоки и да качуваме на крајот од денот.Патот не води од Штип преку Злетово, село Турско Рудари до село Шталковица каде патот од с.Турско Рудари до с.Шталковица е земјен околу 2 км. но слободно може да се движи автомобил.Во 9 часот стигнавме во селото Шталковица.По кратки подготовки тргнавме пеш кон Раткова Скала.Патот кон карпата е широк колски, на 15 минути има чешма од десната страна и по 40 минути до 1 час се стигнува во локалитетот.На самиот влез има водопад и одовде започнуваат секторите кои се одалечени од 1 мин. до 10 мин.
По пристигнувањето кај водопадот направивме по некоја фотографија и за 2 мин.погоре стигнавме до карпата(секторот),веднаш почнавме со работа,до 14 часот направивме две насоки со должина од 12 до 15 метри,во лево од веќе постоечката насока Erste.Потоа почна да врне дожд иако во прогнозата го немаше и моравме да си заминеме.
Бидејќи ова е прв текст кој го објавуваме за локалитетот Раткова Скала ќе кажеме дека има две насоки Erste и Контакт кои се направени лани за Илинденскиот празник,и се искачени две долги насоки.
Јас(Бобан) заедно со Горан од Август до Ноември 2009г.правевме извидница на локалитетот и чистевме насоки од камења,дрвја и др.Правевме и пристапни патеки до секторите.
Насоките на сликата 1.Комарец
2.Шкорпија
3.Erste






