Матка 24-25.04.2010
Иако временската прогноза не ветуваше, сепак викендот помина прекрасно, идеално за качување. Во 15 часот се одржа состанок организиран од ФПСМ и МПА и презентација на ГПС уреди „Гармин“, чиј претставник е фирмата „Дуна компјутери“. По состанокот останавме неколку алпинисти да качуваме и уживаме во убавиот кањон Матка.
Неколкумина отидоа со чамец преку езерото до манастирот Св.Никола Шишевски, а јас (Боби) и Никола (легендата) тргнавме по насоката Новогодишен. Во неделата наутро за загревање пак ја качивме Новогодишен, а потоа истото го сторија Циго (со Круно и Никола). На кутијата на третото сидриште се собравме десетина алпинисти - една вистинска гужва, една убава дружба. Се качуваше и во Матка лева, Матка десна, Отмар... На Матка бевме алпинисти од АК „Астрајон“ - Штип, АК „Апекс“ - Охрид, АК „Матка“ - Скопје.






