Табор на Плоча 09-11.04.2010
Уште еден прекрасен пролетен викенд искористен за качување на Плоча. Присуствуваа околу 40-ина членови од АК „Матка“ од Скопје, АК „Апекс“ од Охрид, АК „Плоча“ од Радовиш, АК„Скала“ од Струмица, ПК „Нун“ од Тетово и АК „Астрајон“ од Штип.
Во саботата наутро се започна со качување на насоки. Со почетниците се работеше на сектор Коцка и сектор Б. По 15 часот сите отидовме на Мала Плоча каде се работеа сидришта и Св. Бернард. Во 18 часот се одржа состанок на УО на МАА, на кој се дискутираа важни прашања што ќе го подобрат квалитетот на алпинизмот кај нас. Во неделата се качуваше цел ден. Се искачија преку 60 насоки за време на таборот. За некои ова беа први искачувања на долги насоки, со што се потврдува дека локалитетот Плоча е еден од најбезбедните и најдобри локалитети за почетници. Таборот се заврши со по една штипска пастрамајлија и убави муабети за алпинизмот (и не само за него...).






