Iron Curtain Trail
Како што и претходно најавив, од претходната статија, оваа сабота беше резервирана за возење на патека од Берово до селото Колешино во Струмица како дел од проектот Iron Curtain Trail.Патеката којашто води низ Македонија започнува од граничниот премин кај Делчево и преку Берово води кон Струмица. На делови од патеката има угорнини од кои најголема е превојот Преведена со 1.167 м.н.в. Од Струмица патеката продолжува кон соседна Бугарија.
На ревијалната промоција на патеката учество земаа велосипедисти од цела Македонија, а како организатори се појавија Центарот за развој на Источен плански регион, Центарот за развој на Југоисточен плански регион, ГТЗ РЕД и Германска Амбасада во Македонија, чии претставници исто така на велосипед ја поминаа оваа патека во должина од 70км.
Iron Curtain Trail се протега во должина од околу 7000км од Баренцовото Море на север се до Црното Море и го дели континентот на запад и исток. Се до пролетта 1989 година, таа беше физичка и идеолошка граница помеѓу двата непријателски блокови.
Целта на Iron Curtain Trail која сеуште е во изработка е да ја пренесе идејата за доживување на историјата на едно европско ниво.Затоа во проллета 2005 година на предлог на г-дин Микаел Крамер да се вклучи проектот во извештајот на Европскиот Парламент во ‘‘нови перспективи и нови предизвици за одржлив Европски туризам‘‘ беше прифатен од мнозинството. Дваесет земји од кои 14 членки на ЕУ се вклучени во проектот.
Iron Curtain Trail започнува од Баренцовотo Море и ја следи норвешко-руската и финско-руската граница до Балтичкото Море и неговиот брег од Естонија, Латвија, Литанија, Калининград, Полска и поранешна ДДР. Од Лубек ја следи поранешната граница помеѓу Источна и Западна Германија до местото каде што Саксонија, Баварија и Чешка граничат. Потоа, води преку Бохемиската Шума минувајќи низ Моравија и Братислава, каде се вкрстува со Дунав и продолжува до Виена. Патеката минува по јужната граница на Унгарија и се граничи со Словенија, Хрватска и Србија, пред да сврти кон Бугарија и Македонија и со користење на обиколни патишта во Грција и Турција конечно води до бреговите на Црното Море во Бугарија. Патеката минува низ повеќе национални паркови и дава широк спектар на пејсажи, главно недопрени предели поради нивната местоположба. Исто така поврзува безброј споменици, музеи и објекти кои сведочат за поделеноста на Европа и како таа беше надмината со мирни револуции во Централна и Источна Европа.
Жикица Ивановски
АК Астрајон - Штип






