КОЗЈАК 19.01.2012
По подолго договарање за искачување на Козјак(1747м.н.в.)во зимски услови конечно се подредија коцките:слободно време,добри временски услови...
Од Штип заедно со Жико тргнавме во 6:30 часот ,во 10:30 часот бевме под карпата и веднаш започнавме со искачување на насоката.Првите стотина метри ги качувавме соло,а потоа се наврзавме движејќи се во француска наврска се до последните три должини каде и тежината е најголема.Во насоката оставивме (5)клина,должината на насоката е околу 600 метри и тежина PD/AD (3 5).Насоката завршува на 250-300 метри југо-источно од врвот.
П.С.Иако врвот е предмет на планинарско искачување ние го искачивме!
линк до галеријата:https://picasaweb.google.com/117484084006529289975/KOZJAK19012012
Бобан Стојанов






