И покрај закажаната акција од два дена за подобро разгледување на теренот на крај сепак сите се сложивме дека најдобро би било да ја „склопиме“ во еден ден. Ние штипјаните се чекаме со скопјаните во Велес, стандардна процедура, и заедно тргнуваме кон предвидената цел. Така беше и овој пат. Од Велес возиме до браната на Тиквешкото Езеро. По пат кај селото Возарци уште рано утрината сретнавме група луѓе мислејќи дека и тие планираат некаква тура кон околните врвови но излезе дека биле рибари. Колата ја сотаваме на паркингот кај браната и од таму продолжуваме пеш кон селото Шешково. Патот е речиси рамен(досаден) со мала стрмнина пред самото село. Застануваме пред чешмата со трите чепури за појадок. Патот не води низ селото по маркирана патека. На едно место ја пропуштаме маркацијата и продолжуваме по негазена патека. Се пробиваме малку низ шумата се до следната маркација. Излегуваме на една чистинка од каде многу добро се гледа врвот Галчин(1472 м.н.в.). По неколку минути сретнуваме камен (маркација) која не свртува во десно носејќи не кон врвот кај добро закованиот алпинистички клин. На самиот клин пишува дека се наоѓаме на врвот Орле(1480 м.н.в.) кој всушност се наоѓа нешто позападно од Галчин па решаваме да појдеме и до него. Патот најпрво води низ шумски патчиња до сртот на врвот. Кога сме веќе на врвот сите сме сложни дека без искачувањето на Орле ќе бевме посиромашни за еден прекрасен врв. Спуштањето го правиме по истиот пат и конечно ја утврдуваме каде сме ја направиле грешката до пропуштањето на маркацијата. Инаку маркациите се доста избледени или покриени со мов па доколку се нема ГПС-уред мора се биде внимателен ако целта е да се стигне на овие врвови. На враќање поминуваме покрај селската црква разгледувајќи го старото ѕвоно. Од црквата повторно излегуваме на патот кој води до браната.
Учесници: Трајче, Перо, Боби, Трајче од Штип и Жикица Ивановски.
Линк до сликите: https://picasaweb.google.com/117484084006529289975/GalcinIOrle
Жикица Ивановски






