НЕЖИЛОВИ КАРПИ (24-25.09.2011)
(Две првенствени насоки)
Утрото во 4.40 часот тргнавме од пл.дом Чеплес заедно со Круно,по летната патека за искачување на врвот Солунска Глава(2540м.н.в.). Во 6.30часот бевме кај “Првата глава” од “Источната карпа” на Нежилови карпи,планот беше да направиме абзел линија на еден раб кој е долг околу 250 метри и да качуваме во тој дел.Во 7.30 часот почнавме да се абзелуваме и да чистиме по работ(камења,карпи,треви...)По пет абзели од по 50 метри бевме на подножјето на карпата и веднаш започнавме со качување на десниот раб(соседниот на околу 30 метри) од абзел линијата.Првото јаже го водев јас(III),второто Круно(III+) и потоа продолживме во Француска наврска до крајот на насоката која е долга 230 метри тежина(III),време на искачување 30 минути,во насоката оставивме три клина.
По кратка пауза пак почнавме да се абзелуваме по работ со цел да го искачиме. Се спуштивме на подножјето на карпата и започнавме да качуваме пак во Француска наврска се до последните 50 метри каде Круно започна да го води последното јаже низ легната плоча од околу 25 метри. Насоката е долга 250 метри,тежина(III), време на искачување 30 минути,во насоката оставивме 15 клина(10 на сидриштата за абзел).
Забелешка:Насоките се на рабови,доста ронливи!За абзелување се потребни уште 6 мајони или челични карабинери(ние оставивме четири),должините се околу 50 метри,на сидриштата се алпинистички клинови.По четвртиот абзел можете да отидете лево или десно во жлебовите и полека да се спуштите до подножјето на карпата во нив тежината е (II).
Абзел линијата е означена со (а) на сликата.
Времето беше идеално,сончево со минимална облачност.

Линк до сликите:
Бобан Стојанов






