Овој слободен викенд се одлучивме да се качиме на Царев врв и да го искористиме она малку снег што наврна за еден добар тренинг, да не размрда малку после празничното улежување.
Јас Боби и Жико во 7:30 тргнавме од скијачкиот центар Пониква и после стотина метри ни се придружи хаската која ние по дифолт ја крстивме Чако, и не придружуваше за цело време. После 2 саати пешачење стигнавме до местото Лопен (1546 м), каде што во шумската куќичка направивме петнаесетина минутна пауза за доручек. Од тука започнува едно нагло искачување од околу 200 метри и со движење по сртот и по изохипса стигнавме до местото Маркова стапка (1718 м). На овој дел за цело време се движевме во облаци и видливоста беше одвај 2 метри поради што не бевме сигурни дали сме на вистинскиот пат или имаме утнато претходно, каде што патот се дели на неколку различни правци. За да несигурноста биде уште поголема придидонесе и новоизградената куќа која што не била таму последниот пат кога Боби се качувал на Царев врв. Во куќата направивме мала пауза и одлуката падна да се вратиме назад додека ветерот не ни ги беше затрупал трагите, а со тоа да ни создаде поголеми проблеми движејќи се во густите облаци.
Кога стигнавме на Пониква седнавме на по еден чај во хотелчето на чичко Мице и таму на топогравската карта која беше закачена на ѕидот видовме дека не само што сме биле на правиот пат туку и на само 3 километри од врвот. Но како и да е мислам дека донесовме правилна одлука со тоа што се вративме назад затоа што доколку продолжевме сигурно ќе требаше да се враќаме во темница, за што сметам дека стварно немаше потреба.







ИСКАЧУВАЊЕ НА ЦАРЕВ ВРВ