STIP TRAIL RUNNING(14.01.2012)
Обилните снегови во овој период од годината не натераа да се спуштиме на нешто пониска надморска височина од вообичаеното и решивме да направиме тренинг трчање во околината на Штип. Снег паѓаше и во раните утрински часови како и ноќта претходно што ги само ги зголеми сомнежите дека би имале убав тренинг. Овојпат само тројца (Трајче, Перо и јас) решивме за прв пат да ги поминеме овие интересни ридови околку Штип. Стартувавме во близината на ресторанот Канал 77 со намера да стигнеме до селото Никоман, па голем Габер, да се спуштиме до кањонот Камник, Шашаварлија и назад кон Штип. Сепак уште на првото одвојување од патот за Шашаварлија и Никоман наидовме на снег до колена(мокар ефект а ние во патики) па решивме да се држиме до патот до селото по кој беше добро истапкан од возилата. Нашето доаѓање во селото беше со негодување прифатено од кучињата(ечеше цело село од лаежите на кучињата) па направивме пауза после селото. Планот го променивме па решивме од таму да се упатиме кон Липов Дол и од таму да фатиме кон Штип. До Липов Дол имавме само спуштање и на еден дел моравме да ја прескокнуваме реката Отиња. Направивме една подолга пауза и кратко разгледување на празното село па со пешачење се упативме кон стариот пат што води до Радовиш. Од таму само спуштање не водеше кон Штип и крајот на овој интересен круг околку него.
линк до галеријата: https://picasaweb.google.com/117484084006529289975/StipTrailRunning
Жикица Ивановски






