МАВРОВО- МЕДЕНИЦА И КАРБУЛА(06.11.2011)
Три возила, седумина авантуристи, неделно утро, дестинација Маврово. Се поделивме во две групи, една која ќе трча/пешачи(Трајче, Јовица, Жико) и друга која ќе пешачи(Марин, Петар, Александар, Тања Герасимова, Светле, Тања Манчева и Билјана-Шаго). Студеното утро веднаш не стаи во погон и ние едната група тргнавме по земјен пат лево од „едноседот“ неколкупати прескокнувајќи ја реката која што беше го заробила патот. Со другата група повторно се сретнавме на врвот кај „едноседот“. Планот за денот беше ние што ќе трчаме да поминеме дел или цела патека на која би се одржало државното првенство по планинско трчање и доколку имаме време заедно двете групи да ги искачиме врвовите Меденица(2.163 м.н.в) и Карбула(2.148 м.н.в.). Одевме по обратен редослед, најпрвин ние стигнавме до Карбула а тие до Меденица и се сретнавме на седлото под Карбула. Еден дел од групата којашто што пешачеше, под силно влијание на убавината на Меденица решила да остане таму подолго време и да не сочека нас тројцата па од таму заедно да се спуштиме кон ски центарот. И конечно на паркингот кај возилата повторно бевме сите на број спемни за поаѓање кон Скопје.
Фотографии од Петар Герасимов:
https://picasaweb.google.com/117484084006529289975/MavrovoMedenicaIKarbula06112011
Жикица Ивановски






