18 ПОДГОРИЧКИ МАРАТОН(30.10.2011)
Во соработка со Подгорички Маратон и Атлетска Федерација на Македонија група од педесетина натпреварувачи, што маратонци, што полумаратонци, зеде учество на овој маратон. Маратоската трка се трчаше на улиците на Подгорица додека полумаратонската трка се трчаше од Подгорица со Даниловград.
Најдобар македонски резултат во маратонската трка во машка конкуренција оствари Ѓорѓи Трендафилов со време од 2:41:59 како осмопласиран додека во женска конкуренција Тања Вељановска со време од 3:14:27 што е и нов македонски рекорд како единаесетопласирана. Во полумаратонската трка најдобар резултат во машка конкуренција имаше Кокан Ајановски со време од 1:18:38 како осмопласиран додека во женска конкуренција најдобар резултат имаше Марија Богдановска со време од 1:46:30 како седмопласирана.
Како преставници од атлетскиот клуб Брегалница Штип се појавија Зоран Саздов – маратон со време 3:28:33 (47 место) , Жикица Ивановски – полумаратон со време 1:31:50 (25 место) и Миле Нацев – полумаратон со време 1:33:08 (27 место).
Линк до резултатите: http://www.maraton.co.me/






