ПО СТАПКИТЕ НА КРАЛИ МАРКО-ПЛАНИНСКО ТРЧАЊЕ(02.10.2011)
Во организација на ПСД Макпетрол од Скопје и Туристичката агенија Брацо од Прилеп се одржа рекретивна трка во планинско трчање. Должината на патеката изнесуваше 16 км со +770 метри висинска разлика и стартуваше од манастирот Успение на Пресвета Богородица- Трескавец па спуштајќи по земјениот пат до манастирот се до прилепското Слонче и по планинарската патека повторно до манастирот. Пристигнувањето беше закажано ден порано со цел подобро информирање околу трката и доделување на стартни броеви. На стартот се појавија натпреварувачи/ки од Скопје, Крушево, Прилеп, Кочани, Штип, некои поискусни, а некои за прв пат. Времето беше идеално за ваков вид на трка. Поставени беа три освежителни станици на патеката. Резултатите следуваат во прилог.


Извор: http://makpetrol.com.mk/Planinari/Default.asp
Линк до галеријата: https://picasaweb.google.com/117484084006529289975/POSTAPKITENAKRALIMARKO






