КОЖУФ (13-14.08.2011)
Во склоп на планот на П.Д. Макпетрол да се помине дел од јужната граница на Р. Македонија овјпат коцките паднаа на планината Кожуф. Се собравме деветмина поголемиот дел од Скопје( Трајче, Марин, Васко, Тања, Владо, Ѓоре и Деан) и јас и Ангел од Штип. Со автомобилите стигнавме со селото Смрдила Вода од каде што пеш продолживме кон Мала Рупа. На делови има маркирана планинарска патека но поради изградбата на патот до скијачкиот центар моравме да побараме асистенција од локалните жители. Попатно ја минавме и бараката на П.Д. Кожуф каде ги надополнивме резервите со вода и минувајќи низ шумската сеча излеговме над шумскиот појас во правец на Мала Рупа. Кратката пауза исполнета од вкусен оброк на боровински повторно ни ги врати силите и продолживме кон Зелен Брег. Скијачкиот беше центар потполно празен освен берачите на боровинки кои беа на сите страни од планината. Пред самиот врв се наоѓа спомен плоча на планинар од П.Д. Кожуф. На врвот сретнавме грчки биолог кој се беше искачил од спотивната страна и по краток разговор не можејќи да му објасниме дека не сме сите од Скопје човекот не напушти. Од Зелен Брег веќе се гледаше и нашето место за логорување, напуштените караули пред врвот Порта. Инаку вакви напуштени караули можат да се сретнат по целата должина на границата. Стигнавме до караулите и следна задача беше да се најде изворот со вода кој Трајче го имаше маркирано. Краткото спуштање низ обраснат терен во правец на скијачкиот центар водеа со изворот. Шаторите беа веќе поставени и некои веднаш се препуштија на сонот. Планот за тој предвидуваше уште искачување на Порта. Од логорот до врвот Порта ни беа потребни околу 45 минути и сето ова беше како мала подготовка за утрешното искачување на врвот Дудица.
Утредента се разбудивме околку 6 часот, краток доручек и само со малку вода во нас продолжуваме кон Дудица. Се гледаше дека од оваа страна малку луѓе минувале во последно време. Патеката обрасната но сепак сигурно не водеше до наредните караули и Капетановата Чешма во подножјето на Дудица. А од таму започнува вистински нагиб. Одејќи цик-цак, па малку одмор и по 40 минути бевме на врвот. Спуштањето го направивме од спротивната страна пак назад до чешмата. Остануваше да се вратиме пак назад до нашиот логор и спуштиме до Смрдлива Вода. Голем дел од спуштањето го направивме по новиот асфалт и речиси го „сефтосавме“. По изминати педестина километри повторно бевме кај автомобилите видно истоштени и по кратката пауза за сладолед во Гевгелија зпродолживме аедно се до Велес каде се разделивме јас и Ангел од останатите.
Линк до сликите:
https://picasaweb.google.com/117484084006529289975/KZuf1314082011
Жикица Ивановски






