ЦАРЕВ ВРВ И РУЕН (10.07.2011)
Мала група на планинари од Штип составена од Александар,Тони, Зоки, Таше, Боби, Ангел и јас решивме да направиме кратка трекинг тура со искачувае на Царев Врв и Руен. Со автомобилите се искачивме над селото Саса се до крајот на асфалтниот пат наместо паркирањето кај долу кај рудникот. Некаде пред самиот крај се наоѓа опасна дупка(кратер) и цела среќа што се беше во ред со автомобилите. Од таму се упативме кон Царев Врв по широкиот земјен пат и по час и пол веќе бевме на врвот. Наездата од комарци не ни даде многу простор за уживање па моравме да се придвижиме кон Руен. Се спуштивме речиси по истиот пат и некаде пред Ајдучка Чешма која ја поминавме претходно свртуваме кон Руен. По пат на велосипед го сретнавме и Сашко Јосифовски од Кочани и заедно со него пролживме кон врвот каде веќе беше голема група планинари од П.Д. Осогово. Овојпат имавме вистинска шанса да уживаме во летното сонце и пејсажите од Осоговијата. Дочекавме уште неколку планинари кои дојдоа од бугарската страна со кои разменивме нешто од храната што ја имавме во прилог на начите добрососедски односи. По пат наполнивме вода од изворот кој се наоѓа веднаш под врвот и се спуштвме по патеката, овојпат целата во трева, кон селото Саса.
Линк до сликите: https://picasaweb.google.com/astrajon.mk/Ruen10072011






