RISNJAK MOUNTAIN TREK (11.06.2011)
Risnjak Mountain Trek е ултрамаратон кој од 2005 година се одржува на територијата на нациналниот парк Рисњак во околинатана Горски Котар, Хрватска. Од 2007 година патеката е променлива е се објавува неколку дена пред стартот. Поради „лаганата“ оријентација последните неколку години должината на патеката изнесува 50 км за ултрамаратонот и 20 км за планинскиот маратон. Она што ја прави дополнително интересна оваа трка е тоа што носи два квалификациони бода за трката околу Мон Блан.
Е така и ние тројцата, Зоран Димов, Трајче Панковски и јас решивме да ја пробаме нашата спремност и спретност на оваа трка. Пристигнавме ден порано при што успеавме да разгледаме дел од теренот поточно половина пат до првата контролна точка од вкупно десет вклучувајќи го и финишот. Она што ни остави впечаток на прв поглед беа длабоките вртачи со стебла високи и до 30 метри што дополнително ја отежнуваа оријентацијата.
Стартот беше закажан во 9:00 часот со временски лимит до 22:00 часот. Со вкупна должина од 53 км и вкупен нагиб од 3.200 метри изгледаше дека по Фрушкогорскиот Ултрамаратон ова ќе биде лесен тест пред Лаваредо Ултра Треил со оглед на тоа дека беше нагласено дека се работи за трка со лесна оријентација. Единствен проблем се чинеше дека ќе биде недостатокот од вода. Поради карстната структура на пределот водата понира и е невозможно да се најде извор на вода. Но организаторот се погрижил и на шестата точка оставил по 2 литри за секој натпреварувач. Само што започна стартот Зоки фати приклучок со побрзите а јас и Трајче пробавме да држиме наше темпо и се приклучивме кон една група со која се движевме се додека не се појави првиот проблем т.е. каде точно се наоѓа КТ1. Тие продолжија да се спуштаат надолу додека ние искачивме еден убав наѓиб и наместо да се спуштиме кон КТ1 на исток ние продолживме кон запад и излеговме на патот за КТ2. Не ни остануваше ништо друго туку повторно да се искачиме назад и да се спуштиме кон Виљска Пониква каде што се наоѓаше КТ1. Спуштањето беше по наѓиб од околу 40о што само наговестуваше колку многу енергија ќе ни треба да се вратиме назад на патот кон КТ2. Перфориравме на дното на вртачата и повторно го искачивме претходното брдо за да се вратиме на паток за КТ2 каде што не чекаше контролор. Од таму кон КТ3 повторно грешка во читањето на картата и фативме погрешен правец по што се вративме назад за конечно да дојдеме до асфалтен пат по кој кратко се движевме и повторно да фативме земјен пат кој водеше се до врвот Треска (1234 м.н.в) каде што се наоѓаше перфораторот. Врвоот го здогледавме но повторно имавме лоша среќа да појдеме по „лошиот“ пат и повторно моравме да се враќаме назад. На крај успеавме да го фатиме патот до врвот каде решивме дека најдобро би било да се вратиме назад бидејќи и така снемувавме вода и невозможно би било после такви проблеми да завршиме во дозволениот лимит. Трајче го извести Елвир, организаторот на трката, дека се откажуваме по што добивме информација дека околу 15 натпреварувачи до тогаш се откажале од трката. Па така растеретени од притисок се вративме до КТ2 каде што контролорот не посоветува дека најдобро би било да продолжиме кон врвот и планинарскиот дом Рисњак од каде што маркирана патека води се до Управата на националниот парк каде што беше стартот каде што дознаваме дека еден натпреварувач ја има завршено трката за 9:14:01. Страшен резултат!!! Полека ги дочекуваме еден по еден и останатите но единствено што не интересира е пласманот на Зоки. Десетина минути пред лимитот се појави и Зоки на целта. Евидентно беше дека патеката беше доста тешка, голем дел не дозволува трчање, непрегледна е за оријентација (речиси сите кои завршија се губеле најмалку по еднаш, освен првиот), има недостаток од пунктови за вода поради што на крај лимитот беше продолжен до полноќ.
На крај како заклучок извлековме дека сеуште не сме доволно подготвени за ваков тип на трки каде поголем акцент е ставен на спретноста во оријентација и ракување со карта. Сепак излековме добра поука дека се до тогаш движењето со карта го имаме доста запоставено па во наредниот период би обратиле повеќе внимание на овој многу важен аспект.
Линк до галеријата: https://picasaweb.google.com/astrajon.mk/RISNJAKMOUNTAINTREK11062011
Повеќе информации на: http://www.adnatura.hr/start.asp
Жикица Ивановски






