ФРУШКА ГОРА, УЛТРАМАРАТОН ПЛУС 111КМ
Како една од нашите генерални проби пред наредните маратони (предизвици) заедно со Трајче од П.Д. Макпетрол го одбравме Фрушкогорсиот Маратон и тоа најдолгиот за оваа година, Ултрамаратон плус во должина од 111 км. Фативме „директен“ автобус од Скопје до Нови Сад, всушност чекавме во Ниш неколку часа за автобусот за Нови Сад и во петок наутро пристигнавме во Нови Сад. Не губевме многу време па го фативме локалниот автобус за Поповица од каде е и стартот на маратонот. Веќе имавме обезбедено место за спиење во викендицата на мојот пријател Дарко од Сомбор и можевме да сметаме на место за убав одмор наместо спиењето во шатори. Во текот на денот отидовме до планинарскиот дом на П.Д. Железничар од Нови Сад со намера да се пријавиме но наместо тоа голтнавме по едно пиво бидејќи пријавувањето беше најавено за сабота наутро. Колку бевме посветени на добриот одмор покажува и фактот дена на спиење отидовме нешто по 19 часот.
Сабота наутро. Река од луѓе на стартот. Маратонци, велосипедисти, луѓе дојдени на прошетка низ Фрушка Гора... Нестрпливо го очекувавме стартот закажан за 9 часот. И покрај тоа некои луѓе стартуваат порано. По одбројувањето стартувавме и ние. Полека се пробивавме низ толпите луѓе се до втората контролна точка каде по мал пад на концентрацијата го згешивме патот но Трајче успеа да го го забележи тоа по што се повторно се вративме на вистинскиот пат. На делови каде што патеката беше рамна и надолница трчавме додека на угорниците се движевме со побрзо темпо. Контролните точки ни служеа за кратки паузи на кои пиевме чај и допполнувавме вода. Точките се редеа, Манастир Гргетег, Манастир Ново Хопово, Врдник, Манастир Јазак... Некаде пред Летенка, која е една од главните точки за маратонските трки и се наоѓа на половината од ултрамаратонот плус доаѓа и првата криза која го погоди Трајче. На Летенка добивме топол чај и крофнички кои навистина не вратија повторно на нозе. Следуваше еден долг круг од 20 км за повторно за стигмеме на Летенка. По пат добивме информација од ултрамаратонец од Ниш дека патеката по второто пристигнување на Летенка не е доволно добро обележана и води кон точката Тестера со број 20 наместо кон Андревље каде што се наоѓаат точките 16 и 17. Со второто пристигнување на Летенка доаѓа и криза кај мене. Наеднаш ме фати треска како да сум премрзнал, најверојатно бев изгубил многу топлина и единствен лек беше да продолжиме да пешачиме и повторно да го загреам телото. По пат кон точката 16 сретнавме луѓе кои ни дадоа информација која потполно се совгаѓаше со онаа на ултрамаратонецот од Ниш па затоа започнавме да се враќаме назад и да бараме еветулно свртувае коешто сме го пропуштиле. Но наместо тоа наидовме на група која ни потврди дека сме биле на вистинскиот пат а за тоа сведочи и нивното петгодишно учество на маратонот. Рикверц и следејќи го патот стигнавме на точката 16. Тоа беше големо олеснување за тој период од ноќта. Продолживме веднаш кон наредната точка 20. Остануваат уште 7 точки кои се очекуваше да бидат и најмногу исцпувачки. Најпрво искачувањето на Црвени Чот, највисокиот врв на Фрушка Гора со 539 м.н.в. Веќе видно изморени со бавно пешачење продолживме кон останатите точки. Како што се ближеше крајот сретнувавме се помалку луѓе. Пред разденување почна да паѓа и ситен снег што потоа се претвори во дожд кој направи вистинска лизганица на некои надолници поради што моравме да се движиме многу бавно за да останеме чисти и пред се неповредени. Знаците не упатуваат кон Поповица но некако ми изгледаше се подалеку, како тие да не оддалечуваат. И на крај долго очекуваниот момент, целта на Поповица. По 22 часа и 10 минути стигнуваме во Поповица. Преуморни за било што сепак моравме да ги поминеме и тие километар и нешто до „нашата“ викендичка. Спиевме што спиевме и по 3-4 часа повторно одиме до Поповица и планинарскиот дом на П.С.Д. Железничар каде што не чека Миланка Арсиќ, добра пријателка на Трајче. Имавме време колку да се испратиме бидејќи автобусот кон Нови Сад беше поставен. Од Нови Сад со „првиот“ до Белград од каде фативме вистински директен до Скопје.
Можам да кажам дека ова беше вистински предизвик за нас една и добра прилика да ги испробаме нашите можности. Среќен сум што успеавме да го завршиме овој ултрамаратон и со нетрпение ги очекувам оние што следуваат!
Линк до сликите: https://picasaweb.google.com/astrajon.mk/FruskaGoraUltramaratonPlus?authkey=Gv1sRgCK_Hq6eR5uGCIQ#
Жикица Ивановски






