ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА
По повед Денот на планетата Земја, Алпинистичкиот клуб Астрајон Штип на ден 22.04.2011 година организира настан по повод одбележување на овој ден.
Програмата за овој настан е следнава:
10:00 Презентација по прва помош на Црвен крст Штип;
11:00 Рекреативна велосипедска тура Штип-археолошки локалитет Баргала-Штип
12:30 Презентација на историјата на археолошки локалитет Баргала.
Ве покануваме и Вие да земете учество во одбележувањето на овој ден.
Дополнување:
Целиот настан помина во најдобар ред и наидовме на голем одзив од граѓаните. Како надополнување на гореневедената програма беше и изложбата на фотографии од авторите Крунослав Аџиевски, Александар Дончев и Маја Крстевска. За реализирање на фотографиите помогнаа хеликоптерската единица при МВР и Македонската алпинистичка федерација. Рекреативното возење со велосипеди исто така наиде на огромен интерес кој го потврдуваат повеке од 50 учесници од Штип Радовиш и Кочани.
Се надевам дека овој настан ќе премине во традиционално одбележување на Денот на планетата Земја






