ОСОГОВО „ULTRA TRAIL“
По иницијативата на Трајче за маркирање на дел од патекта која минува покрај гасоводот се собравме група составена од петмина, Трајче, Васко, Јоцо-Тајфун, Ивчо и јас со цел да истрчаме дел од оваа патека.
Започнавме од мерната станица на Макпетрол близу селото Жировница и на мал дел трчавме до селото Узем од каде започнавме да се искачуваме кон Калин Камен. Имавме прекрасно време се до искачувањето на Царев Врв каде не дочека силен северен ветар каде по кратка пауза започнавме да се симнуваме кон селото Станци. Селото Станци е вистински бисер на Осговските планини. Село од разбиен тип со прекрасни ливади и сеуште зачувана архитектура. Од таму продолжуваме десно од станци каде по едно искчување стигнуваме кон селото Б’с. По кратката рехидратација на селската чешма продолжуваме по асфалтниот пат се до манастирот Јоаким Осоговски. Кратка кафе пауза и повторно се враќаме на трасата од гасоводот која води се до селото Жировница и нашата појдовна точка. По изминати 44 километри и 8 часа на „нозе“ се подготвуваме за враќање кон дома.
линк до галеријата:
https://picasaweb.google.com/astrajon.mk/OsogovoUltraTrail#
Жикица Ивановски






