ТРЕКИНГ ТУРА ОКОЛУ БОГОСЛОВЕЦ(СВ.ЈОВАНСКИ РИД)
Овој ден се договоривме половина час пред тргнување со Жико да направиме трекинг тура до врвот на Свети Јовански рид(755м.),потоа Ѓаволскиот ѕид,изворот Кисела вода до реката Брегалница и околу Тиски врв(747м.) до селото Богословец и на крај бензинската пумпа од каде што тргнавме. Добар тренинг со вкупна денивелација од 1300метри.За оваа тура ни беа потребни околу шест часа.
Со оваа статија сакаме да прикажеме дел од убавините на Источна Македонија.
Бобан Стојанов






