ВЕЛОСИПЕДСКИ МАРАТОН ПОПОВА ШАПКА(04.09.2011)
Во организација на Pro Bike и Evil Bikers Team на падините на Попова Шапка се возеше велосипедски маратон. Натпреварувачите речиси од целата држава и неколку странски, од Белгија и Бугарија, беа поделени во две категории, мал маратон од еден круг и голем маратон од три круга. Должината на еден круг изнесуваше 17 км. Се стартуваше од домот на Шара Ски па се возеше до бачилото на Иснифарис па вклучување на патот за Вакаф, спуштање до викендиците и повторно до Домот на Шара Ски. Награди следуваа за тројцата најдобро пласирани во малио и големиот маратон како и за најмлад и највозрасен учесник.
Победник на големиот маратон беше Воутер Клепе од Белгија, втор Горан Кузмановски од Енерџи Скопје и трет Сашко Јосифовски од Електрика Кочани.






