СЕВОЗИ.МЕ РАДОВИШ (11.07.2011)
Во организација на велосипедскиот клуб Свиок од Радовиш во недела на 31.07.2011 беше организирана рекреативна велосипедска тура од Радовиш до Плачковица. Учество земаа повеќе од педесет велосипедисти од Радовиш, Штип, Кочани, Битола, Скопје... Она што е за пофалба е големиот подмладок на велосипедскиот клуб Свиок кои рака на срце ја поминаа делницата многу подобро од останатите (најверојатно им „лежи). На целта беше организран ручек и на големо изненадување подарок од покровителот Иванчо Јаневски-Ване за сите учесници на турата.
линк до галеријата https://picasaweb.google.com/117484084006529289975/SevoziMeRadovis
дел од сликите се преземени од http://sevozi.me/
Жикица Ивановски






