АЛПИНИСТИЧКИ СОБИР НА ДЕМИР КАПИЈА (13.11.2011)
На 13-ти Ноември на алпинистичкиот локалитет во близината на градот Демир Капија се одржа еднодневен алпинистички собир. Иако истиот беше планиран да се одржи во текот на двата дена од викендот, сепак поради нестабилни временски услови во саботата, а земајќи го во предвид карактерот на собирот (присуство на разни категории на алпинисти) – истиот беше презакажан за само еден ден.
Сепак и тој ден беше одлично искористен. На него учествуваа 14 алпинисти, претставници на 5 клуба при Македонската Алпинистичка Федерација (МАФ) и при тоа беа направени искачувања на 6 различни насоки. Од присутните, петмина прв пат имаа можност да качуваат на овој локалитет. Од алпинистичкиот клуб Астрајон бевме: Бобан Стојанов и Горан Самоников.По искачувањето на насоката Б2 продолживме со чистење на пристапот за насоките по сајлата над реката Вардар од дрвја, гранки, треви и камења.
Линк до сликите:https://picasaweb.google.com/117484084006529289975/DemirKapija13112011
Бобан Стојанов






