АКТИВНОСТИ 23.04-08.05.2011
23.04.2011 - Плоча
Направена е нова насока БРЗИ ГОНЗАЛЕС на новиот сектор ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ на кој во иднина планираме да направиме релативно лесни насоки за обука на најмладата генерација качувачи. Почнато е со чистењето на вегетацијата пред самата карпа и уредување на пристапна патека. Очекуваме за краток временски период комплетно да го уредиме новиот сектор па потоа ќе пристапиме со официјална презентација на истиот.
25.04.2011 - Раткова скала
Поради слабата посетеност на локалитетот патеките кој што беа уредени минатата година во голем дел се обраснати и колку успеавме за еден ден средивме и да качувавме.
30.04-01.05.2011 - Матка
Алпинистички собир-
30.04.2011 Основната работна содржина на собирот беше качување во алпинистичките насоки според програма за реализација на ситуационен тренинг.
01.05.2011 Поради дождливиот ден работевме во салата на вештачката карпа на АК Матка, се работеше на повторување на теорија – разни сидришни системи, а исто така беше направена и презентација за искачувања во Доломитите.
08.05.2011 - Плоча
Качувавме на Плоча и на секторот РЕКА и се работеше на обуката на почетници како што е запознавање со опремата и безбедно користење на истата, а потоа некој од нив и за прв пат да пробаат да качуваат. Следуваше чистење и правење пристапна патека на секторот ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ.






