РУЕН 20.02.2011
Подолго време зборувавме околу тоа каде би направиле некоја еднодневна тура во Источна Македонија. Некако наједноставно ни се виде турата до врвот Руен. Речиси стандардната екипа од Макпетрол, Трајче, Петар Васко и Александар и засилени со шестмина наши пријатели од Кочани, Сашко, Влатко, Виктор, Ване, Борис и ротфајлерот Вара и покрај не толку добрата прогноза решивме да тргнеме кон Руен, а доколку временските услови ни дозволат евентуално би направиле и искачување на Царев Врв. Се паркиравме пред рудникот Саса каде што ни побараа список на луѓе што би се качувале на Руен. Од рудникот поминуваме низ истоименото село, Саса, и на делови се движиме по широк пат наместа со асфалт и времето сеуште мирно и видливо. Како што се искачуваме нагоре влегуваме во густ облак со северен ветар и снежнта покривка е се подлабока. Пробуваме да се движиме позбиено поради намалената видливост. Сите помалку напатени од студениот ветар, единствено Вара уживаше, и не забележуваме дека сме на врвот. Премногу е студено за фотографирање и продолжуваме кон заклонот на бугарска територија. За кратко му се скривме на ветрот но по кратката пауза продолжуваме да се симнуваме надолу каде што не пречека и врело сонце кое ни дојде како порачано. Веќе стопениот снег и качунките скриени во папратите на големо ја најавуваа пролетта или само моменталното подобрување на времето во наредните денови.
Линк кон сликите:
https://picasaweb.google.com/astrajon.mk/Ruen20022011#
Жикица Ивановски






