Piz Badile (3308m)
На 20 август оваа 2010 година ,помогнати од Македонската Алпинистичка Асоцијација при ФПСМ, алпинистичката наврска Бобан Стојанов (АК Астрајон од Штип) и Александар Дончев (АК Скала од Струмица) и двајцата членови на Македонскиот Алпинистички клуб, се изкачивме на врвот на Пиц Бадил 3308 метри, по северниот гребен.
Оваа 1200 метри долга насока ( без оние 200 метри соло качување до приодот на насоката со оцена 3-/3) е една од класиките во Европските алпинистички локалитети со генерална оцена на насоката 4+/5??? по УИАА стандардот.
За жал оваа година во тој период на годината, на горните делови од карпата имаше доста снег кое што го правеше искачувањето уште потешко.
Повеќе детали за целосниот тек на експедицијата би ги изложиле на официјалната презентација чија што организација е во тек.Сега би ги спомнале само основните податоци...
Експедицијата ја сочинуваа Бобан Стојанов од АК Астрајон,Александар Дончев од АК Скала и Милан Филчев од АК Скала.Кон Бондо, Швајцарија, тргнавме на 15 август рано наутро.На платото под врвот Пиц Бадил бевме на 17 август,вечерта, каде што го поставивме шаторот.На 18 август поради лошото време бевме приморани да чекаме.Кон насоката тргнавме на 19 август утрото.Искачувањето до под врвот траеше 12 часа ,а потоа правевме бивак и ја поминавме ноќта на гребенот некаде на околу 3250 метри.Температурата вечерта се спушти до -5 стапени целзиусови и постојано дуваше ветер.На врвот стапнавме околу10 часот и потоа во маглата бргу почнавме да се спуштаме со абзели од јужната страна од планината.После 9-10 абзели се спуштивме до платото од Италијанската страна и со пешачење стигнавме до планинарскиот дом Џианети каде ја поминавме вечерта.Во шаторот се прибравме другиот ден после 8 часовно пешачење...Наскоро следува многу поопширен опис на искачувањето и насоката...






