Плоча-Демир Капија-Плоча 29.07-02.08.2010
Работно на локалитетот Плоча комбинирано со качување.
Во деновите29-30.07 работев на насоките:Превис L1 чистење на насоката од камења,трева,дрвја,мов,земја... и поставување на експанзиони клинови.
Започнав и нова насока која се наоѓа помеѓу насоките Два Роберта и Атис и комплетно ја завршив првата должина.
31.07.2010 Плоча
Завршена е насоката која ја нареков Перун(бог на молњата и врховниот бог во словенската митологија бил асоциран со планините,дабот,орлите,како и со оружјата и војната. Имал секира (или чекан) и ја фрлал по лошите луѓе, и секогаш му се враќала.)
Во втората должина се спојува со насоката Атис(богот на ветрот).
Попладне качувавме со Александар Дончев од АК Скала ,ги качивме насоките Бонбона и (Младина-ноќно).
01.08.2010 Демир Капија
Качување во Челевечка река на спортските насоки Рак,Кифла-варијанта,Г-ѓа Мицковска,Жаба,Филозоф,
Попаѓа...заедно со Аце,Зоки,Никола.
02.08.2010 Плоча
Пак работно, во лево од насоката Ракета направив една насока,на која работев претходно неколку дена и тоа на 08.05;24.05;09-10.06 и 26-27.06.2010 и исчистена е и измаркирана е уште една насока во лево од новата насока(Двојна игра).
Насоките на сликата се:
1.Штипски
2.Двојна игра
3.Ракета
4.Два Роберта
5.Перун
6.Атис
7.Бонбона
8.Превис

Бобан Стојанов






