Отварање нов локалитет за качување Исказник- Вељуса кај Струмица
На 18. Април, по покана на Александар Дончев од АK „ Скала “ Струмица, да се помогне околу уредувањето на локалитетот Исказник се собравме деветмина алпинисти. Локалитетот е на половина час одалечен од селото Вељуса. Оваа карпа која е висока 12-14 метри и широка околу 20 метри нуди одлични услови за качување со што на истата поставивме 5 сидришта за топ роп качување, но има можност да се постават уште најмалку 3-4 нови насоки. Исто така се чистеше и под насоките кои беа обраснати со дрвја и грмушки .
Карпата нуди многу варијанти и добри пукнатини за традиционално и техничко качување. Насоките се со тежина од 6 до 8 според UIAA. Убавиот пејсаж и близината на чешмата се дел од овој мал варовнички локалитет.
Со ова ја користиме можноста да објавиме дека на 13.09.2009 год. во селото Вељуса направивме две нови насоки.






