Втор зимски семинар
Почитувани колеги алпинисти, планинари,
Ве известуваме дека во деновите од 26 до 28 Март 2010 година, во организација на Македонската алпинистичка асоцијација и Центарот за стручно оспособување при ФПСМ, на Попова Шапкаќе се одржи вториот семинар за движење и безбедност на планина во зимски услови. Теоретските предавања ќе се одржуваат во планинарскиот дом Смрека, а практичната работа ќе се изведува во блиската околина.
На семинарот ќе се работат теми од две области:
1 - Лавинологија
2 - Движење по заснежена падина.
Секој учесник во семинарот треба да поседува комплетна зимска опрема и облека. Специјалната опрема за лавинологија (сонди, картички за анализа и сл.) ќе ги обезбедат организаторите на семинарот.
За дополнителни информации можете да се обратите:
- 02/ 3165 540 (Канцеларија на ФПСМ) секој работен ден од 12.00 - 15.00 часот;
- 071/ 369 280 (Костантин Циривири);
- 071/ 342 248 (Антонио Додевски);
Со Почит,
Костантин Циривири
Центар за стручно оспособување при ФПСМ
Македонска Алпинистичка Асоцијација






